
Американската пливачка Кејти Ледеки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил на митингот во Форд Лодердејл.
Ледецки постигна резултат од осум минути, четири секунди и 12 стотинки од секундата, со што го подобри сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки од секундата. Тој резултат го постигна во август 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.