Skip to main content

Калин Ивановски напредуваше 438 места на АТП листата

) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени.

Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето од повредата. 

Поврзани вести