Skip to main content

Калин Ивановски елиминиран во Загреб, во полуфиналето загуби од третиот носител

Фото: Тениска федерација

Најдобриот македонскит тенисер Калин Ивановски загуби во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб. Поусшепен од него беше третиот носител Мирза Башиќ од Босна И Херцеговина со 2-0 во сетови (64 64) за 95 минути игра.

Во изедначен меч (67:61 на поени) поискусниот Башиќ (33.години) успеа да искористи три брејк топки додека Ивановски направи еден брејк што на крајот се покажа решавачко. Во првиот сет единствениот брејк Башиќ го направи во петтиот гем кога го одзема сервисот на Ивановски и поведе со 3:2 во гемови.

Во вториот сет имаше повеќе неизвесност. Повторно во петтиот гем од сетот Башиќ прави брејк, но во следниот гем Ивановски направи ри-брејк за 3:3. Новиот брејк беше во деветтиот гем 5:4 за Башиќ и во следниот гем Ивановски имаше шанса и брејк топка за 5:5, но противникот ја спаси и сетот го доби со 6:4 во гемови и 2-0 во сетови.

Ивановски од понеделник го очекува нов предизвик на Челинџер 50 турнирот во францускиот град Троа. 

Поврзани вести