Skip to main content

Ѓорческа победи во првото коло на турнир во Германија

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна победа во првото коло на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург. Таа ја совлада Германката Јоси Димс со 2:0 во сетови (6:3; 7:6(5)) за 100 минути игра.

Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6:3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до 6:6 во гемови. Во тај брејкот Ѓорческа поведе со 4:1 на поени, а потоа и со 6:3 за да ја искористи третата меч топка.

Во второ коло Ѓорческа ќе игра против втората носителка на турнирот Тара Вурт од Хрватска, која денеска ја победи Германката Теса Јохана Брокман со 2:0 во сетови.  

Поврзани вести