
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Нејзината ривалка Дарја Астахова го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1:0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет.
Голема борба имаше во завршницата на првиот сет, кога Ѓорческа испушти предност од 5:2 во гемови, но сепак успеа да го добие тај брејкот со 8:6 на поени. По водството од 2:0 во гемови во вториот сет противничката го предаде мечот поради повреда.
Утре во четвртфиналето македонската тенисерка ќе игра против Аурора Ѕантедески, која со 2-1 во сетови ја совлада петтата носителка Португалката Матиле Жорге.