Skip to main content

Фетел за прописите од 2026 година: Тоа е капка во океанот, автомобилите треба да бидат 200 кг полесни

Фото: Википедиа

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, рече дека генерално го поддржува преминот кон новите прописи и чекорот кон електрификација на автомобилите, но сепак гледа неколку негативни страни.

– Во однос на распределбата на енергијата, промените се охрабрувачки. Но, фактот дека енергијата ќе се пренесува само на задната оска, игнорирајќи ја предната оска, ми се чини многу чудно, изјави Германецот.

Фетел е исто така претпазлив во врска со преминот кон синтетички горива заради намалување на емисиите штетните емисии.

– Проблемот е што ако Формула 1 доживее вообичаена трка за развој на технологијата, сè може многу брзо да почне да се движи во погрешна насока.

На Фетел исто така не му се допаѓа ситуацијата со тежината на болидите, која, според него, не е доволно намалена – во 2026 година, минималната дозволена тежина беше намалена за 30 кг.

– Ова е само капка во морето. Болидите сè уште се претешки. Треба да се направат полесни за 200 кг. Бидејќи тоа ќе заштеди гориво и ќе ги подобри самите трки, нагласи Фетел.