
– Женскиот македонски тим 3х3 натпреварите од групата ги почна со победа од 14:11 против Литванија. Со стрплива игра и дисциплина пред се македонските девојки стигнаа до предност од 4-5 поени и до важна победа. До крајот на вечерашната програма Македонија ќе игра против Германија, која во првото коло ја совлада Словенија. Дуелот треба да почне по полноќ.
Македонските селекции продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа.
Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија (33:20) во второто коло од групната фаза. Машкиот тим, исто така, беше поразен, од селекцијата на Шпанија со 31:26.
На кошаркарските терени, девојките загубија убедливо од Финска (76:35), додека машката селекција не успеа да се наметне против Франција. Во одбојкарските натпревари, и машката и женската репрезентација беа поразени без освоен сет, обете играа против Словенија.
Среда носи нов бран од спортски возбудувања на ЕМОФ Скопје 2025. Младите олимписки надежи ќе продолжат со настапи во 13 спортови на повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.
На арената „Тодор Проески“ ќе се одржат финалните натпревари во машка конкуренција во скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4×400 метри, како и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански“ се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и момчиња до 60 и 66 кг.
Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во двете конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во останатите спортови – квалификации во пливање, гимнастика, пинг-понг, бадминтон и стрелаштво.
Од утре започнуваат борбите во теквондо