Skip to main content

Циципас го стигна кармата во Австралија

 Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го нарече ироничен неговиот пораз во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.

На стартот на турнирот 26-годишниот Циципас загуби од Американецот Алекс Микелсен со резултат 5:7, 3:6, 6:2 и 4:6.

-Тоа е прилично иронично. Целата моја идеја беше да стигнам што подалеку. Целта беше само да се изгради малку енергија и да бидам посвеж. Мислам дека кармата ме стигна. Оваа година не можев да се претставам толку добро како што се надевав на турнирот, изјави Циципас за „BBC“.

Најдобриот резултат на Гркот на Грен слем турнир во Австралија во сингл е пласманот во финалето во 2023 година.

Поврзани вести