
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денот пред финалето во Мелбурн на Австралија го искористи за одмор. Тој по мечот од полуфиналето со Синер најави дека нема да тренира особено што мечот заврши околу 2 часот по полноќ, а на теренот беше 4,5 часа..
За ривалот во финалето Карлос Алкараз десеткратниот шампион на Австралија опен Ѓоковиќ истакна:
– Го победив лани тука во исцрпувачки меч. Ќе видиме колку двајцата ќе бидеме „одморени“ и тој имаше тежок полуфинален меч, но е 15-16 години помлад. Биолошки гледано неговото закрепнување би требало да биде полесно.
Машкото финале на Австралија опен се игра денеска наутро во 9.30 часот по македонско време.

Македонски



