
Крилниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Дион Едвин е прогласен за најкорисниот играч (МВП) на финалната серија во плејофот.
Едвин имаше најконстантни игри, и најголем број на индексни поени на четирите натпревари од финалната серија.
МЗТ Скопје Аеродром синоќа го совлада ТФТ со 77:53 и ја освои и 12. шампионска титула во својата историја.
Едвин за 21 минута поминати на паркетот постигна 15 поени, две асистенции и три скока