Skip to main content

НБА во живо ќе можеме да гледаме најблиску во Атина

 Вкупно 11 градови се истакнати како опции за идни дестинации за потенцијално проширување на кошаркарската НБА лига во Европа, јавија српските медиуми.


Според Меридијан спорт, 11 градови се Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина.
Проектот дополнително ќе биде разгледан на претстојниот лидерски состанок на НБА со учество на генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Андреас Загклис

Поврзани вести