
Македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ имаше одличен настап на синоќешниот дуел во неговиот тим Баерн Минхен на гостувањето во Тел Авив кај Макаби. Димитријевиќ натпреварот го заврши со 15 поени.
Тој во регуларните 40 минути дуелот го заврши без промашување (4/4 за два поена; 2/2 за три поени и 1/1 за еден поен). Притоа на девет секунди пред крајот погоди тројка и беше направен фаул над него, а го реализираше и слободното фрлање за водство на Баерн од 99:98. Во последнте девет секунди Макаби преку О’Ши погоди едно слободно за нерешен резултат – 99:99. Во продолжението Макаби стигна до победа од 111:106, а Димитријевиќ го имаше единственото промашување на натпреварот во дополнителните пет минути.
Баерн со скор 12 победи и 16 порази се наоѓа на 14.место на табелата во Евролигата.

Македонски



