Skip to main content

Moзес Рајт – новата ѕвезда во македонската кошарка

Македонската машка сениорска репрезентација направи одличен почеток во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, откако денес на гостински терен убедливо ја совлада Австрија со 91:59. Еден од најважните адути во составот на селекторот Хозе Марија Берокал, Мозес Рајт, по натпреварот не го криеше задоволството од победата и атмосферата во националниот тим.

Среќен сум и поради атмосферата во екипата. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме. Ја завршивме работата за која дојдовме во Виена. Секогаш е убаво да се победи. Имавме и доста загубени топки, можам да набројам уште неколку работи кои треба да ги поправиме, но генерално сум задоволен, истакна Рајт.

Македонскиот репрезентативец веќе гледа кон следниот предизвик кој го очекува националниот тим. 

Ни претстои натпревар против Кипар во Скопје во ноември. Можеби ќе биде тежок натпревар на физички план, но подготвени сме за тоа, бидејќи знаеме како да играме. Јас лично сум одиграл голем број натпревари од таков тип. Очекувам да бидам дел од репрезентацијата и на тој натпревар, порача Мозес Рајт.

Следниот предизвик за избраниците на Берокал ќе биде ноемврискиот дуел со Кипар на домашен терен.

Поврзани вести