Skip to main content

Majами пет меча без победа

 Торонто го победи Мајами ноќеска на гостински терен со 106:96 во меч од регуларниот дел на НБА-лигата.

Овој пораз беше петти по ред за Хит. Тимот е на деветтото место во Источната конференција (14-12 победи-порази). Торонто победи за прв пат по четири последователни порази и е на третото место (16-11).

Мајами ќе игра против Бруклин на гостински терен во нивниот следен натпревар на 19 декември. Торонто ќе се соочи со Милвоки на гостински терен истиот ден.

Резултати на другите натпревари од најсилната светска кошаркарска лига играни ноќта понеделник кон вторник:

Бостон – Детроит 105:112
Јута – Далас 140:133
Денвер – Хјустон 128:125
Лос Анџелес клиперс – Мемфис 103:121.

Поврзани вести