Skip to main content

Гледајте ја бесплатно македонската кошаркарска репрезентација

 Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен.

– Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен, објави КФСМ. 

Ова ќе биде прв натпревар за македонските кошаркари во групата „А“ од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029

Поврзани вести