
Евролига одговори на плановите на НБА. „Спортандо“ повикувајќи се на грчки извори информира за состанок на акционерите на Евролигата одржан во Барселона.
НБА-лигата го таргетира 2027 година како датум за создавање на европска дивизија. Се очекува учество на шеснаесет екипи: 12 постојани екипи и уште четири кои ќе се квалификуваат преку нивните локални лиги.
Раководителите на Евролигата се подготвуваат за самит со ФИБА и НБА, кој ќе се одржи утре (8 октомври), во Женева.
На состанокот на одборот на Евролигата се дискутираше и за иднината на Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче и Вилербан, кои немаат потпишано повеќегодишни лиценцирани договори.