Skip to main content

Црвено-жолта Виена: Македонските кошаркари славеа со навивачите по големата победа

Македонија ја декласира Австрија со 91:59, а по последниот свиреж кошаркарите и навивачите заедно ја претворија салата во вистинска македонска прослава

Виена вечерва беше обоена во црвено и жолто. По убедливата победа над Австрија со 91:59, македонските кошаркари не брзаа да ја напуштат салата. По последниот свиреж следуваа поздрави, фотографии и заедничко славје со македонските навивачи кои во голем број дојдоа да им дадат поддршка на репрезентативците.

Од трибините во текот на целиот натпревар се слушаше македонската песна, а „црвено-жолтата“ боја доминираше во „Спорт Арена Виена“. Македонија им возврати на навивачите на најубав можен начин – со кошаркарска лекција и убедлив триумф. Уште од самиот почеток нашите кошаркари покажаа дека дошле по победа. По израмнувањето на 6:6, Македонија презеде целосна контрола над натпреварот и првата четвртина ја заврши со неверојатни 30:14.

Facebook/Кошаркарска Федерација на Македонија

Предноста продолжи да расте и во вториот период, па на полувремето Македонија водеше со 49:30. Ниту по паузата немаше промена на теренот. „Црвено-жолтите“ продолжија со сигурна игра, цврста одбрана и одлична реализација, а Австрија немаше одговор за македонската игра.

До крајот остана само да се потврди убедливата победа.

Нено – човекот на вечерта

Посебна приказна беше Ненад Димитријевиќ. Македонскиот капитен одигра фантастичен натпревар и запиша трипл-дабл – 15 поени, 14 скока и 11 асистенции. Со тоа Димитријевиќ не само што беше лидер на тимот, туку и човекот кој го контролираше ритамот на играта и ги разигруваше соиграчите.

Виктор Ефремовски беше најефикасен во македонскиот состав со 17 поени, додека Адем Мекиќ и Мозес Рајт постигнаа по 12. Рајт, кој дебитираше за Македонија, додаде и девет скока.

Кога заврши натпреварот, резултатот веќе беше само дел од приказната. Кошаркарите се упатија кон трибините за да им се заблагодарат на навивачите. Следуваа заеднички фотографии, поздрави и славје со македонските иселеници и навивачи кои во Виена направија атмосфера како Македонија да игра на домашен терен.

Овојпат, Виена беше македонска. Победата од 91:59 беше најубавиот подарок за сите оние кои дојдоа да ја бодрат Македонија.

Следниот натпревар од претквалификациите Македонија го игра на домашен терен против Кипар, на 26 ноември.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositextrabetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomHoliganbetJojobetJojobetMadridbetBetparkPusulabetPusulabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritking