Skip to main content

Aкција Коза Ностра: НБА играчи се кладеле на покер и кошаркарски натпревари

Скандалот со нелегално обложување и игри на покер каде се вклучени сегашни и поранешни играчи и тренери од НБА лигата добива се повеќе внимание. Директорот на ФБИ, Кеш Пател даде и свое видување за случувањата.

–  Едноставно е. Ги следиме парите. И гледајте, додека НБА е дел од ова, тие се само дел од тоа. Она што американскиот народ треба да го знае е следново: Ние сме полиција и ги спроведуваме законите. Ако го прекршите законот, ние доаѓаме по вас, без разлика дали играте во НБА или сте тренер во НБА. Овие лица се здружиле со „Коза Ностра“ и четири од петте големи криминални семејства во Њујорк за да создадат коцкарски империи, да ги ограбуваат луѓето од нивните пари, да изнудуваат луѓе, да вршат акти на банкарска измама, да местат игри – покер игри и кошаркарски натпревари – само за да можат да заработат неколку долари плус, а потоа ја имале заштитата на мафијата во Њујорк и низ целата земја, за да можат да ја продолжат шемата за кражба на десетици милиони долари од невини жртви.

Тоа е она што ФБИ и американскиот народ треба да го разберат, дека презентиравме апсење на над 30 лица вклучени во оваа шема.
– Тоа нема никаква врска со легалното коцкање, туку има врска со оние на моќни позиции, на места како НБА, кои се вмешуваат во „Коза Ностра“ и вршат изнуда, измама, перење пари, банкарски измами и многу други злосторства. ФБИ ја води истрагата во повеќе јурисдикции, координирани апсења низ десетици градови и е само почеток. Оваа истрага е во тек. И како што реков на прес-конференцијата во Њујорк ако не сте направиле ништо погрешно или нелегално, нема за што да се грижите, истакна директорот на ФБИ

Поврзани вести