Skip to main content

Тројца фраери на една слика

 Наполи се пласираше во финалето на Суперкупот на Италија откако вечерва во Ријад го совлада Милан со 2-0 во првото полуфинале. По мечот позираа нашиот Елмас, Ибрахимовиќ и Модриќ.

Наполи поведе во 39. минута со голот на Давид Нерес, а печат на победата стави Расмус Хојлунд во 63 минута.

Во стартниот состав на Наполи беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој одигра 77 минути.

Противник на Наполи во финалето на 22 декември ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Болоња и Интер.

Ова е четврто во низа, а вкупно шесто издание на италијанскиот Суперкуп кое се игра во Саудиска Арабија.

Поврзани вести