
Фудбалерите на Струга извојуваа гостинска победа над Силекс, додека АП Брера пред своите гледачи го совлада Арсими во двата натпревари попладнево во рамки на 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Фудбалерите на Струга дојдоа до победата на гостувањето во Кратово од 3-1 со головите на Кампаоре (8), Хамза (33) и Зенку (90+1) и се вратија на чело на табелата со 19 бодови, колку што има и второпласираниот Вардар. Почесниот гол за Силекс го постигна Хрвановиќ во 44 минута.
На дуелот во Струмица, фудбалерите на АП Брера со пресврт ја забележаа својата втора победа оваа сезона (2-1). Арсими дојде во водство во 34 минута преку Бесагиќ, а резултатски пресврт за домаќините донесоа Наумчевски (45) и Тодоров (50).
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Пелистер и Башкими
ПМФЛ: 7 коло
АП Брера – Арсими 2-1
Силекс – Струга 1-3
Вардар – Работнички 3-1 (недела)
Шкендија – Тиквеш 1-0 (недела)
Шкупи – Македонија ЃП 0-2 (сабота)
Пелистер – Башкими (вторник)
Табела: Струга 19, Вардар 19, Силекс 15, Шкендија 14 (-1), Башкими 10, Македонија ЃП 9, АП Брера 8, Пелистер 6, Арсими 5, Тиквеш 5, Работнички 4, Шкупи 0