
На неколку дена пред почетокот на подготовките и објавувањето на списокот на кошаркарската репрезентација на Србија информациите се дека Никола Јокиќ ќе биде во составот. Според сцецијализираните медиуми за кошарка најавите се дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат за своите репрезентации на претстојниот Евробаскет.
Првата ѕвезда на српскиот тим Јокиќ, настапи за својата репрезентација на Оилимписките Игри во Париз 2024 и во Рио 2016, а играше и на Светското првенство 2019, како и на Европското првенство 2022. Но, на некои од шампионатите отсуствуваше поради физчка и ментална исцрпеност поради настапите за својот НБА тим Денвер Нагетс, особено по освојувањето на шампионската титула во 2023 година.
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ во понеделник ќе го објави списокот на играчи за подготовките за Европското првенство