
Диего Симеоне имаше свое шоу на прес-конференцијата по мечот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Атлетико Мадрид на необичен начин беше елиминиран од Лигата на шампионите. Во прв момент никој не виде дека Алварез двапати ја удри топката во пенал серијата, но потоа ВАР го поништи погодокот.
Диего Симеоне е гневен поради начинот на кој неговиот тим беше елиминиран.
„Првпат гледам ВАР да поништи пенал. „Ако некој од тука виде дека Алварез двапати ја удри топката, нека крене рака. Ајде, никој? Никој не виде?“, Симеоне ги праша новинарите