
Австралискиот министер за внатрешни работи Тони Бурк објави дека една иранска репрезентативка, на која австралиските власти и понудија хуманитарна виза, ја одбила и одлучи да се врати дома.
– Го почитуваме контекстот во кој таа ја донесе оваа одлука. Нејзините колешки и тренерот ја советуваа да контактира со иранската амбасада, изјави Бурк за „ESPN“.
На 2 март, иранските фудбалерки одбија да ја пеат националната химна пред натпреварот од групната фаза на Азискиот куп против Јужна Кореја. Овој чин се сметаше за предавство во Иран. По нивното елиминирање од турнирот, неколку ирански фудбалерки одбија да се вратат дома и побараа заштита од австралиските власти.
На 9 март, австралискиот министер за внатрешни работи потврди дека на пет ирански фудбалерки ќе им бидат доделени хуманитарни визи. Подоцна беше објавено дека уште една фудбалерка, како и член на тренерскиот персонал, поднеле барање за политички азил во Австралија.

Македонски

