Skip to main content

Роналдо: Не сум виновен што сум најпопуларен

 Напаѓачот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо одговори на прашање за неговата популарност.

– Не е моја вина што сум најпознатиот, најпопуларниот помеѓу луѓето. Кога излегувам на улица луѓето ме препознаваат. Јас сум различен, точка. Бројките не лажат – во фудбалот и пошироко. Така да не треба да се фалам. Или се фалам со вистината, ја цитира Марка изјавата на Роналдо.

Португалецот утре ќе наполни 40 години. Тој игра за Ал Наср од јануари 2023 година. 

Роналдо на 31 јануари тој стана првиот фудбалер во историјата кој победил на 700 натпревари на врвно клупско ниво.

Претходно има настапувано и за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг. За португалската репрезентација има постигнато 105 гола на 215 натпревари.

Поврзани вести