
Реал Мадрид загуби со 2:1 на гостување кај Мајорка во 30. коло од Шпанското фудбалско првенство.
Мануел Морланес и Ведат Муричи ги постигнаа головите за домаќините, додека Едер Милитао го постигна голот за Мадрид.
На овој начин заврши серијата од три победи на Реал Мадрид во Ла Лига. Тимот е втор на табелата со 69 бода.
Мајорка е 17-та со 31 бод.
Во дербито на колото вечер од 21 часот Атлетико ја пречекува Барселона, која со евентуална победа ќе направи голем исчекор кон шампионскиот трофеј.

Македонски


