Skip to main content

Првиот човек на ФФМ со порака до играчите: Oние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ја образложи одлуката за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим:


–    Упатувам благодарност до Благоја Милевски за досегашните резултати. Но, во фудбалот се случуваат промени и сега имаме нов селектор. Заклучивме дека на репрезентацијата и треба нова енергија, за да може да оствариме голем резултат пласман на Светско првенство. И самиот настап во баражот за нас е успех. Седлоски има „фајтерски“ карактер, а таков беше и како играч. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот

Поврзани вести