Skip to main content

Претседателот на ФФМ се сретна со првиот човек на ФИФА

ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со првиот човек на ФИФА (ФИФА), Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската асоцијација во Мајами

На средбата, како што соопшти денеска ФФМ, станало збор за иднините насоки во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА.

Претседателот Масар Омерагиќ истакна дека ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во терени, рефлекторско осветлување и услови за вистински развој на фудбалот.

Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот, порача Омерагиќ.

Ваквиот пристап, како што е соопштено, бил поддржан од Инфантино, кој посочил дека и во рамки на ФИФА се води токму таква стратешка дискусија.

Дополнително, Омерагиќ ја презентирал иницијативата на ФФМ клубовите да добиваат бесплатна опрема со услов да не се продава, туку да се донира на младите категории и децата.

Од своја страна, Инфантино го поздравил концептот и најавил дека ќе го сподели како позитивен пример на следните состаноци на ФИФА.

Воедно, од страна на првиот човек на македонскиот фудбал е упатена покана до претседателот на ФИФА за официјална посета на Македонија.

Поврзани вести