
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање дали тимот е блиску до она што тој сака да биде.
Арбелоа го презеде тимот од Мадрид на 12 јануари, заменувајќи го Чаби Алонсо. Под негово водство „Кралевите“ одиграа шест натпревари, победија на четири и загубија на два.
Јас не сум волшебник нели? Она што го сакам од моите играчи е тоа што го гледам – посветеност, став, менталитет и разбирање дека победата на секој натпревар бара повеќе од само квалитет. Напорот и желбата мора да бидат конзистентни. Конзистентност во перформансите, ставот, амбицијата, па резултатите ќе дојдат. Треба да бидеме конзистентни затоа што ова е Реал Мадрид“, изјави Арбелоа за шпанските медиуми.
Реал Мадрид има 54 бода од 22 кола во Шпанското фудбалско првенство и е втор на табелата. Тимот е еден бод зад лидерот Барселона

Македонски



