Skip to main content

Нов малер за Киеза, пак се повреди

Facebook Federico Chiesa

– Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, нема да може да ѝ помогне на Италија во претстојниот плејоф за место на Светското првенство во 2026 година, објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC).

Според федерацијата, состојбата на играчот била оценета по неговото пристигнување во тренинг-кампот на репрезентацијата. Киеза е прогласен за недостапен за претстојните натпревари и, по договор со клубот, го напуштил тренинг-кампот. 

Николо Камбијаџи од Болоња е повикан на местото на Киеза.

На 26 март, Италија ќе се соочи со Северна Ирска во полуфиналето од плејофот. Доколку победи, ќе се соочат со победникот од натпреварот Велс – Босна и Херцеговина.

Поврзани вести