
Фудбалерите на Шкендија заминаа на полувреме од мечот против Слован Братислава од Конференциската лига на УЕФА со предност од 2:0.
До овој резултат дојдоа во судиското продолжение од првиот дел, кога Роналдо Вебстер се проби по левата страна, испрати остар центаршут кон петерецот, каде што Себастјан Спахиу ја спроведе топката во празната мрежа.
Шкендија поведе со автогол на одбранбениот играч на Слован Кенан Бајриќ, во 31 минута.

Македонски







