Skip to main content

Најмалку пет екипи од Премиер лигата ќе играат во ЛШ следната сезона

 Англија обезбеди дополнително место во фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2025/26.

Според досегашниот формат на турнирот, двете лиги со највисок пласман на крајот од сезоната добиваат едно дополнително место во следната конкуренција. 

Победата на Арсенал од 3:0 над Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето го обезбеди пласманот на Англија на едно од првите две места.

Истовремено, може да се зголеми бројот на англиските тимови во Лигата на шампионите – доколку Тотенхем или Манчестер јунајтед ја освојат Лигата на Европа, автоматски ќе добијат и билет за Лигата на шампионите. 

Исто така, дополнително место може да се добие доколку Арсенал или Астон Вила станат победници во Лигата на шампионите, но не влезат во топ 5 во Премиер лигата

Поврзани вести