Skip to main content

Најдоцна до 25 декември Македонија ќе добие нов фудбалски селектор

За нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде предложен домашен стратег, а неговото име ќе биде познато најдоцна до 25 декември.

Ова доаѓа по денешниот состанок на Комисијата за избор на нов селектор во чиј состав се претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потпретседателот Марјан Стојковски, директорот на националните селекции Горан Пандев, раководителот на скаутинг служба Николче Новески и членот на Управниот одбор Агим Ибраими.

На состанокот, како што е соопштено, членовите на Комисијата го истакнале значењето националниот тим да добие селектор „кој ги познава домашните фудбалски текови, потенцијалот на нашите играчи и кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот“.

Комисијата ќе го достави својот предлог, македонски стратег, кој според анализите одговара на поставените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор, најдоцна до 25 декември“, се наведува во соопштението на ФФМ.

Поврзани вести