Skip to main content

Македонските млади фудбалери со два пораза од Турција

Македонската репрезентација до 17 години одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција на гостински терен во Анталија. Избраниците на селекторот Влатко Колев загубија, минимално, со 1:0 и 2:1 на двата пријателски натпревари во спортскиот комплекс „Арслан Зеки Демирџи“.

На првиот дуел единствениот гол го постигна Шен.

На вториот натпревар, Турција постигна водечки погодок откако судиите не санкционираа очигледен прекршок над нашиот голман Денковски, а единствениот гол за македонската репрезентација го постигна Јаков Стојковски во 55. Минута.