
Фудбалерите на Ливерпул попладнево против Престон го одиграа првиот натпревар без Диого Жота во составот, откако португалскиот фудбалер го загуби животот во сообраќајна несреќа на почетокот на месецот.
Сите на стадионот „Дипдејл“ одадоа почест за Жота и неговиот брат Андре Силва. По интонирањето на химната на Ливерпул, која ја пееја сите на стадионот, капитенот на Престон Бен Вајтман положи венец пред навивачите на Ливерпул.
Од спортскиот дел Ливерпул го совлада Престон со 3:1 во првиот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона, а сите стрелци за „црвените“ на симболичен начин головите му ги посветуваа на доскорешниот клупски колега.