
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го поддржа тренер Чаби Алонсо по поразот (1:2) синоќа од Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите.
Првиот гол беше примен поради моја грешка. Не го гледавме овој натпревар како тест за Чаби Алонсо. Го поддржуваме тренерот. Ние сме 100 проценти зад него, а тоа беше очигледно и на теренот, изјави Куртоа за „Фудбал Еспања“.
Алонсо го презеде Реал Мадрид летото. Под негово водство, тимот одигра 28 натпревари и оствари 19 победи, 4 нерешени и 5 порази.
Реал Мадрид има 12 бода и е на 7. место во вкупниот пласман во Лигата на шампионите.
Во Ла Лига, мадридскиот тим е на второто место, четири бода зад лидерот Барселона

Македонски







