Skip to main content

Крај за Наполи на Елмас: Еве кои екипи продолжуваат во ЛШ

 По завршувањето на осумте кола, познати се 24 екипи кои продолжуваат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони.

Осумте учесници кои обезбедија директен пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити.

Тимовите рангирани од 9. до 24. место: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Боде-Глимт и Бенфика ќе учествуваат во плејофот за место помеѓу 16-те најдобри.

Според пропозициите, во жрепката носители се тимови рангирани од 9. до 16. место.

Еве како ќе изгледа ждрепката за плејофот во Лигата на шампионите:
Двојката Реал Мадрид (9. место) и Интер (10.) ќе добијат ривал од парот Боде-Глимт (23.) / Бенфика (24.)

ПСЖ (11)/Њукасл (12) против Монако (21)/Карабах (22)

Јувентус (13)/Атлетико Мадрид (14) против Клуб Бриж (19)/Галатасарај (20)

Аталанта (15)/Баер (16) против Борусија Дортмунд (17)/ Олимпијакос (18)

Ждрепката за плејофот ќе се одржи утре (30 јануари) во Куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија

Поврзани вести