
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги оцени шансите на неговиот тим во реваншот со Арсенал по тешкиот пораз (0:3) синоќа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
– Мора да бидеме искрени во сопствената критичка самооценка. Не бевме лоши во долгите делови од играта – имаше некои работи што ги направивме добро во првото полувреме. Имавме можност да го подигнеме нашето ниво повисоко, но целосно пропаднавме во вториот дел.
За реваншот треба да веруваме, да го задржиме тоа верување, бидејќи ова се случило многу пати на „Бернабеу“, изјави Анчелоти.
Реваншот ќе се игра во Мадрид на 16 април