
– Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран.
Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0.
-Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс.
Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против Египет, додека Белгија ќе се соочи со Нов Зеланд. Натпреварите ќе се одржат на 27 јуни

Македонски



