Skip to main content

ФИФА донесе одлука: Фудбалерите мора да имаат најмалку 21 ден одмор по крајот на сезоната

Светската фудбалска федерација ФИФА и претставниците на фудбалерите постигнаа договор. Претседателот на ФИФА Џани Инфантино со претставниците на синдикатот на фудбалерите имале разговори, кои според информациите биле прогресивни и дека основната цел била здравјето на фудбалерите.

Постои консезнус дека мора да има најмалку 72 часа меѓу натпревари и дека играчите мора да имаат период за одмор од најмалку 21 ден на крајот на секоја сезона. Тоа треба да го управуваат клубовите и играчите индивидуално во зависност од календарот и колективните договори, се вели во соопштението. 

Строго спроведување на периодот од 72 часа може да донесе прилагодување на календарите на некои натпревари, како и телевизиските договори. Проблем може да бидат натпреварите на УЕФА во четврток доцна навечер, а потоа екипите во националните првенства играат во недела. ФИФА напоменува дека треба да има и еден ден дополнително одмор за патувањата и климаптските услови, кога ќе се планираат следните натпреварувања.

Потврдено е дека Светско клупско првенство ќе се одржува на четири години, помеѓу Светско првенсво, Европско првенство и Копа Америка.  

Поврзани вести