
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа прослави јубилеј – 200 натпревари за Наполи.
„Дијамантот“ од италијанскиот клуб доби подарок врамен дрес со бројот 200.
Елмас во победата над Аталанта со 3:1 ги одигра последните 20-ина минути.
Својата професионална кариера, Елмас ја почна во Работнички, а има играно и за Фенербахче, Лајпциг и Торино.

Македонски








