
Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц заработи повреда и нема да може да учествува на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен закажан за 11 март.
-Флоријан Вирц ќе мора привремено да остане надвор од теренот. Те поддржуваме и се радуваме на твоето враќање во уште посилна форма Фло, објави прес-службата на Баер на социјалните мрежи.
Вирц има повреда на скочниот зглоб здобиена викендот на дуелот со Вердер во Бундеслигата.
Дваесет и едногодишниот Вирц има 15 гола и 13 асистенции во 39 натпревари оваа сезона. Неговиот договор со Баер е до 2027 година.
Според Transfermarkt, моменталната трансфер вредност на играчот е 140 милиони евра.
Првата средба која се одигра на 5 март заврши со победа на тимот од Минхен од 3:0.