Skip to main content

Дали на саудиската лига ќе и се случи исто како со кинеската?

Комерцијалниот директор на Ал Наср, Жорди Дуранте, рече дека лигата на Саудиска Арабија е долгорочен проект и нема да ја има истата судбина како кинеското првенство.

– Може ли „ѕвездите“ да ја напуштат лигата на Саудиска Арабија како во кинеската лига? Ова е сосема поинаков случај. Саудиска Арабија има силна страст за фудбалот. Ние ќе бидеме домаќини на Светското првенство во 2034 година, така што ова е долгорочен проект, изјави Дуранте за „RB Sport“.

На 11 декември 2024 година, ФИФА објави дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија на 15 стадиони во пет градови: Ријад, Џеда, Абха, Ал Хобар и Неом, град кој допрва треба да се изгради во северозападниот дел на земјата

Поврзани вести