Skip to main content

Челзи пријави најголема сезонска загуба во историјата на англискиот фудбал

pixabay
pixabay

Лондонскиот премиерлигаш Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголем финансиски минус во една година во историјата на англискиот фудбал.

Претходната најголема загуба во една сезона во износ од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер сити во сезоната 2010/11.

Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на Конференциската лига и пласманот на четвртото место во Премиер лигата со кое обезбеди настап сезонава во Лигата на шампиони.

Оперативните трошоци се зголемија првенствено поради враќањето во европските натпреварувања, што значително ги зголеми трошоците за натпревари“, образложи Челзи.

Поврзани вести