
Челзи го освои финалето во Лигата на Конференции на УЕФА. Англискиот тим го доби првиот трофеј во ова натпреварување, откако славеше против шпански Бетис со 4-1. Сите четири гола „сините“ ги постигнаа во вториот дел, откако по првиот губеа со 1-0.
Во првото полувреме Челзи одиграа многу слабо. Бетис доминираше, и можеше дури да постигне и втор гол.
Езалзули уште во 9. минута го донесе Бетис во предност, и тој резултат беше во сила до 65. минута кога почна доминацијата на англискиот тим.
Енцо Фернандез го израмни резултатот, а потоа само пет минути му требаше на Џексон да го сврти резултатот во корист на Англичаните. До крајот на мечот уште два гола во мрежата на Бетис. Санчо во 83. минута зголеми на 1-3, а конечните 1-4 ги постави Каиседо.
Со овој трофеј Челзи ги обедини сите европски трофеи, додека Бетис пропушти шанса да се радува на прв европски трофеј.