Skip to main content

Владимир Четкар со винилно издание за светскиот музички пазар и концерт во Скопје на 5 Септември во Public Room

Пред неколку дена австралиската музичка куќа M2MR Records, за светскиот

пазар издаде винил со Владимир Четкар на кој се најдоа 4 негови

селектирани композиции меѓу кој Ohrid, Don’t Make Me Wait, Heavenly и

Ocean оf Love во ремикс издание на  прочуениот англиски Диџеј и

Продуцент, Доктор Пакер (Dr. Packer).

Винилот  е достапен низ сите  еминентни музички продавници  во светот

кои продаваат Винилни изданија  како Јuno Records, Phonica Records,

Strada Records, Deejay.de и многу други.

Издавањето на винилни изданија на македонски музички артисти од страна

на странски музички куќи наменети за светскиот музички пазар е вистински

раритет во поновата македонска музичка историја.

Меѓу другото во рецензијата на Juno Records за оваа плоча се спомна

следното:

“… „Ohrid“ е возвишено ну-диско уживање, исполнето со раскошни гудачки

аранжмани.”

на 5-ти септември, Сабота,  Владимир Четкар се враќа во Скопје

во Public Room каде ќе одржи концерт на зелената тераса.

За овој настап Онлајн Билети по цена од 600 МКД може да се набават на

Tix.mk.

Вратите за овој настан се отвараат во 21:00 а концертот на Владимир

Четкар ќе почне во 22:00

Поврзани вести