Skip to main content

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“ на 26 февруари ќе се одржи 29. „Златна Бубамара на популарноста“

На 72 часа пред 2 јануари се пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, која оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“. 

Една од најпрепознатливите и најдолговечни манифестации во Македонија, „Златна буба мара на популарноста“, годинава ќе го има своето 29. издание, кое ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“.

Настанот, кој со децении претставува симбол на популарноста и гласот на публиката, и оваа година ќе ги обедини најпопуларните имиња од македонската јавна сцена – музичари, актери, телевизиски личности, спортисти и други јавни фигури кои оставиле впечаток кај публиката во изминатиот период.

„Златна буба мара“ е позната по својот автентичен концепт, препознатлив хумор и сатиричен осврт на актуелните општествени случувања, што ја прави повеќе од обична доделување на награди. Признанијата се доделуваат врз основа на популарноста и влијанието кај публиката, што ѝ дава посебна тежина и значење на оваа манифестација.

И оваа година се очекува свечена програма исполнета со музички настапи, изненадувања и емотивни моменти, како и доделување на награди во повеќе категории, вклучувајќи и специјални признанија.

Со 29-то издание, „Златна буба мара на популарноста“ уште еднаш потврдува дека останува културен и медиумски феномен, кој успешно опстојува и се развива во чекор со времето.

Ве очекуваме со целата расположлива механизација, да се дружите со целата наша организација!

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација – сатирично и музички ќе ја раскаже изминатата 2025 година, заедно со најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот.

Оваа година за прв пат на Златна Бубамара ќе имаме можност да видиме една голема светска музичка легенда со респектирачко музичко порфолио, која ќе ја откриеме на 10 дена пред настанот.

Ќе се смееме, аплаудираме, пееме и играме во досега најспектакуларното издание на најголемото музичко шоу на Балканот.

Билетите се пуштени во он-лајн продажба

Поврзани вести