
Новиот сингл насловен како “Мегахит” е најава за објавата на деби албумот насловен како “Паранормални Мегахитови” кој содржи 11 композиции.
Промоцијата (слушачка и свирачка) ќе се случи на 17.05.2025 во просториите на Лабораториум, Скопје, со почеток од 13 часот.
Групата ПЕДРО ХОРИЗОНТЕ постои од 2020тата година и е своевидна супергрупа составена од неколкумина музичари со неколкудецениски музички стаж (Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевскк, Владимир Митревски)
Албумот е снимен и продуциран и миксуван од Дени Крстев (студио 1060)