Skip to main content

„Виолин Фест“ – подиум за млади музичари

Во понеделник (9 јуни), со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ – фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината. 

„Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои свират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. Фестивалот постои за да им даде простор. Звук. Слушатели… И ако некогаш сте се запрашале како изгледа надежта – дојдете да ја слушнете. Во очите на децата. Во движењата на рацете. Во воздухот што трепери од страст.“, вели виолинистот Владимир Костов, идеен творец на овој фестивал.  

На сцената, годинава ќе блеснат виолинисти од Македонија, Србија и Косово, а ќе ги придружува пијанистката Марија Вршкова 
Влез е слободен, а фестивалот е п

оддржан од Министерство за култура и туризам. 

Поврзани вести