
Националниот џез-оркестар, синоќа, во Македонската опера и балет, одржа концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco и ја крена публиката на нозе.

Во Скопје доаѓав пред 30 години на Скопскиот џез фестивал. Јас сум Ренато Кико и роден сум близу до Трст, Изола. За оние кои се сеќаваат постоеше фирма во минатотот „Механотехника“-Изола. Тоа е мојот крај. Последен пат кога бев во Скопје бев со Душко Бојковиќ. Тој е еден од најпознатите музичари од Југославија кој беше познат низ целиот свет и во Америка. Со него соработував, а негов хит беше „Swinging Macedonia“. Друг музичар со кого соработував беше Бошто Петровиќ, рече Кико и на најави прекрасната композиција „Бошко“ која му ја посвети на својот колега.
На концертот, под диригентство на Џијан Емин беше изведена програмата од албумот на Chicco, First Encounter – Organ & Big Band- – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани. Пред изведбата на секоја композиција Кико даваше вовед, па така рече дека претходиот ден имал можност да проба типично македонско јадење-грав и ја најави „Magic beans“, но со музиката не одведе и во Њујорк, поточно на 106 улица на Менхетен, каде живеел Дјук Елингтон и самиот Кико, па ја изведе „Elington boulevard blues“.

Посебно би им се заблагодарил на Гоце Стевковски и на Џијан Емин за овој концерт, рече на крајот Кико најавувајли за последната композиција „Island under the Sun“,
Специјален гостин на вечерта беше 𝐀𝐧𝐝𝐲 𝐖𝐚𝐭𝐬𝐨𝐧 (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли, како 𝑉𝑎𝑛𝑔𝑢𝑎𝑟𝑑 𝐽𝑎𝑧𝑧 𝑂𝑟𝑐ℎ𝑒𝑠𝑡𝑟𝑎 и 𝑇𝑜𝑠ℎ𝑖𝑘𝑜 𝐴𝑘𝑖𝑦𝑜𝑠ℎ𝑖 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.

Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 90-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Chicco дејствувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција настапувајќи и во култни џез-клубови, како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и 𝐵𝑖𝑟𝑑𝑙𝑎𝑛𝑑. Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент што во проектот 𝑂𝑟𝑔𝑎𝑛 & 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑 е поставен во центарот на оркестарскиот израз.

Македонски



