„Дуо трио“ или момците од К-15 за новогодишните празници направија ремикс на нивната „Овогодишна општонародна“ песна и со неа ги честитаат престојните празници.
Спотот за „Новогодишна Поопштонародна“ е сниман во студиото на Александар Митевски, кој ја направи новата верзија на оваа заразна песна.
Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров годинава слават 30 години од почетокот на легендарното К-15 шоу. Круна на нивниот роденден ќе биде, како што најавуваат, ексклузивен спектакл со оркестар, врвна сценска продукција и незаборавна атмосфера со нивните легендарните скечеви, песни и монолози во живо закажан за 16 мај 2025 година во „Борис Трајковски“. Дотогаш, следуваат многу изненадувања од триото во склоп на нивното славје за јубилејот.